Регионална обука за здравствени работници во Скопје

Од:

Обука за здравствени работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Грузија, Ерменија, Азербејџан се почна денеска во Скопје во организација на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Обуката се спроведува со цел да се овозможи подобрување на здравјето на мајките и новородените деца.

Пред присутните се обрати министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека интегрираниот пристап во унапредување на здравјето на мајките опфаќа мерки на планирање на семејството, пренатална заштита и здравствена заштита во текот на породувањето и леунството, како и пристап до соодветни социјални пакети за социјално вулнерабилни популациони групи.

– Токму затоа, со оваа обука првпат се иницира воведување Методологија за унапредување на здравјето на жената, односно ревизија на матернален морталитет и морбидитет со која се поставуваат основите за следење и разбирање на причините за тоа. Станува збор за нов, унифициран и систематизиран пристап во анализирањето на ваквите случаи, истакна Тодоров.

Посочи дека на овој начин ќе се овозможи континуирано обезбедување податоци кои ќе се применуваат за креирање и ревидирање на политиките за здравје на мајките и децата со цел да се обезбеди континуирано подобрување на услугите за жените во репродуктивниот период. Оваа методологија, нагласи министерот, ќе се применува во рамки на Центарот за репродуктивно здравје на чие фирмирање Министерството за здравство континуирано работи во изминатиот период.

– Континуирано сме посветени на постојано подобрување на грижата за мајките особено за оние од најранливите категории. Обуката ќе овозможи унапредување на системот за следење и разбирање на причините за мајчина смртност. Процесот на следење и анализа на матерналниот морталитет во Македонија дополнително ќе се стандардизира преку назначување референтна институција која официјално ќе известува за овој клучен индикатор на милениумските развојни цели преку Комитетот за безбедно мајчинство, рече Тодоров.

Појасни дека основна цел на формирањето на овој Комитет е да се подобри квалитетот на здравствена заштита на мајките и децата.

– Република Македонија во втората половина на 2014 година ја презема улогата на претседавач на здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа, а еден од седумте регионални здравствени развојни центри се наоѓа токму во Скопје. Оваа обука претставува одлична можност нашата држава да поттикне унапредување на здравјето на мајките и децата во целиот регион, додаде министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски