Регионален симпозиум за новите методи и техники од офталмологијата во Скопје

Од:

Над 250 офталмолози од Македонија, Косово, Србија и Хрватска денеска во Скопје разговараа и разменија искуства за најновите методи и техники во катарактната, рефрактивната и витреоретиналната хирургија, во рамки на регионалниот офталмолошки симпозиум „Новитети во офталмологијата“.

Симпозиумот е акредитиран од Лекарска комора на Македонија, а во организација на Систина Офталмологија, дел од групацијата на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

Медицинскиот директор и шеф на одделот за катарактна хирургија на Систина Офталмологија Златко Арнаудовски, изјави дека симпозиумот претставува убава можност офталмолозите од регионот да ги разменат своите знаења и искуства во врска со новите техники и хируршки зафати, како и примената на новите материјали во хирургијата на офталмологија.

– Одзивот е во голем број, што само покажува дека потребата од организација на вакви симпозиуми е голема и е место каде ќе ги размениме нашите искуства и подобро ќе се запознаеме меѓусебе, што се разбира ќе биде од корист на нашите пациенти, рече Арнаудовски.

Основачот и сопственик на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб Никица Габриќ, рече дека денеска во Скопје е фестивал на офталмологијата, каде се покажуваат модерните достигнувања во офталмологијата во Европа и светот.

– Клиниката Систина применува таква офталмологија овде во Скопје. Македонците имаат можност денеска да добијат врвна медицина во Скопје, без да треба да патуваат во Виена, Лондон или Париз, и таквата медицина доаѓа во Скопје. Тоа е голем успех за моите колеги, но и голем успех за земјата, рече Габриќ.

Освен Арнаудовски и Габриќ, свои предавања на симпозиумот имаат специјалистите офталмолози Ратимир Лазиќ, Маја Бохач и Анте Баришиќ од Свјетлост од Загреб и Виолета Бучкоска Николовска, Билјана Костовска, Фанка Гилевска и Илир Османи од Систина Офталмологија.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството