А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионален конгрес на алерголози „Алергиски болести – време е да делуваме“

by А1он17/10/2014 - 11:26132
Share0

Во организација на македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија во Скопје се одржува третиот конгрес на тема „Алергиски болести – време е да делуваме“.

Добивај вести на вибер

Учесниците во тек на работата на конгресот, како што соопшти Здружението за алергологија и клиничка имунологија, го дефинираат проблемот на алергиски болести од епидемиолошки аспект, како и од аспект на постигнување заеднички ставови за современа дијагностика и терапија на алергиските болести кај децата и возрасните.

На конгресот има 400 учесници од различни специјалности од Македонија, Албанија, Турција, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Романија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Конгресот, кој е поддржан од EAACI (Европската академија за алергологија и клиничка имунологија) и на кој учествува потпретседателката на EAACI, Јоана Агаче, исто така послужи за градење нови и зацврстување на веќе постоечките форми на научна и стручна соработка меѓу македонските алерголози и алерголозите од регионот и од Европа.

Во Македонија, според епидемиолошката студија на Институтот за Медицина на трудот изведена во 2003 година, 23.1 процент од популацијата боледува од алергиски ринитис и околу 5,3 проценти од астма. Инаку, во претходната епидемиолошка студија од 1996 преваленцата на алергискиот ринитис изнесуваше 11.5 проценти.

Се смета дека  ваквиот пораст на алергиските заболувања се должи на загадувањето на воздухот со озон, ПМ10 честички, издувните гасови од дизел горивата. За пораст на алергиите на хранителни продукти и уртикаријата постојат голем број тригер фактори како што се бои кои се употребуваат во прехранбената индустрија, емулгатори, конзерванси,  хормони и антибиотици кои се употребуваат во сточарството и генетски модифицирана храна.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен