Реформите во безбедносите служби по препораките од Прибе пред Комисијата за надзор

Од:

Собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) денеска во присуство на директорите на овие две институции Љупчо Андоновски и Наќе Чулев, расправаше за активностите на МВР за имплементација на препораките од извештајот на Рајнхард Прибе кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година и листата на итни реформски приоритети.

Директорот на УБК Андоновски појасни дека работната група формирана во МВР за подготовка и реализација на Акциски план за исполнување на препораките има изготвено Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за следење на комуникации, при што се направени компаративни анализи и се консултирани експерти од ЕУ. Во Предлог-законот, информира, дадени се две опции во однос на опремата за следење на комуникациите за целите на кривичната истрага. Првата опција е секоја од институциите кои имаат овластувања за следедње на комуникациите, јавното обвинителство, царината, МВР и финансиската полиција, да имаат своја опрема. Втората опција е формирање посебен Центар за следење на комуникациите во која претставниците од сите овластени органи ќе имаат пристап, а се препорачува да биде во рамки на ЈО и опремата лоцирана во МВР да се премести во обвинителството. Се препорачува, рече Андоновски, во рамки на УБК да постои опрема за следење на комуникации која ќе се користи за потребите на безбедноста на одбраната и државата.

Во однос на реформите во УБК, работната група предлага можен модел по примерот на Хрватска и Бугарија за двојна заштита од злоупотреби, за кој, нагласи Андоновски, е потребен политички консензус. Со цел да се надмине можноста за злоупотреба на следење на комуникациите се предлага формирање и посебен оперативно-технички центар чии надлежности и локација ќе се регулираат преку законски измени.

– Направена е системска и организационо-структурна реформа во УБК согласно Законот за внатрешни работи и препораките од ЕУ. За таа цел донесен е нов правилник на УБК и упатство за начинот на вршење на работите, а во фаза на подготовка се останатите подзаконските акти кои прецизно ја регулираат надлежноста на УБК, истакна директорот Андоновски говорејќи за досега спроведените реформи во УБК.

Со спроведените реформи, меѓу другото како што рече, се настојува да се подобри ефикасноста односно унапредување на процесот на собирање, обработка и користење на разузнавачките податоци и изготвување на соодветни и квалитетни разузнавачки и аналитички материјали и нивно навремено доставување до надлежните субјекти.

– Јас сум транспарентен и отворен и сакам од вас поддршка затоа што без ваша помош нашата служба е ставена буквално на коленици. Од една страна се соочуваме со безбедносни предизвици, а од друга страна сме на мета на јавноста, каде што мислам дека треба да ја вратиме довербата меѓу граѓаните и меѓународната доверба, која во моментот е многу поголема и се цени од партнерските служби надвор отколу кај нас, рече директорот на УБК, Андоновски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза