(ВИДЕО) Референдумот за ГТЦ ќе го спроведува соговорникот на Миле Јанакиевски од бомбите

Од:

Државната изборна комисија не успеа да расправа за статусот на претседателот на Општинската изборна комисија на Центар, Кочо Митровски, од причина што членовите на ДИК не се согласија за дневниот ред на денешната седница.

ДИК требаше да одлучува дали на Митровски да му се додели одговорноста како претседател на ОИК-Центар да го организира референдумот за ГТЦ кој ќе се одржи на 26-ти април.

Прашањето се постави откако неговото име се најде во една од снимките кои ги објави опозицијата и каде, наводно, Митровски му кажува на министерот за транспорт, Миле Јанакиевски дека незаконски извадил неколку ливчиња од избирачкиот список на последните локални избори во 2013 година. Точката се најде на дневен ред по поднесокот што до ДИК го достави СДСМ.

Како што рече претседателот на ДИК, Никола Рилковски, за статусот на Митровски треба да се расправа и да се постави прашањето дали оваа личности има легитимитет и кредибилитет да го одржи референдумот за ГТЦ.

Според Рилковски нема дилема дека претседателот на ОИК-Центар неколкукратно го прекршил избирачкиот законик, но сепак немаше мнозинство меѓу членовите да се разговара за оваа точка.

Тројца од седум члена на ДИК гласаа „за“, а тројца гласаа „против“ дневниот ред на денешната седница, при што членот предложен од ДПА, беше воздржан. Оттаму Рилковски одлучи таа да не се одржи. На новинарското прашање зошто претседателот им дава повеќе важност на трите гласа „против“, отколку на трите „за“, тој одговори дека треба четворица членови да гласаат за дневниот ред за да се одржи седницата.

Членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ аргументираат дека Комисијата нема надлежност да расправа за ова прашање и дека е веќе доцна да се бара расправа за статусот на претседателот на ОИК-Центар кога веќе се отпочнати активностите за организирање на референдумот. Бедредин Ибраими, предложен од ДПА, пак, рече дека прислушуваниот материјал треба прво да го разгледаат надлежните инсититуции и дека МВР, Јавното обвинителство и Судот прво да се произнесат за доказите во објавената бомба.

– Да имавме во 2013 година приговор во Центар за тоа што сега се обидува да се прикаже, дека претседателот ја злоупотребил службената положба, тогаш ќе расправавме за тоа. Да имавме таков приговор тогаш ќе ги баравме тие црни вреќи што се спомнуваат. Но тоа помина без такви претстави и работата на ДИК во тој дел е завршена – рече Ибраими.

На тоа Виолета Дума, предложена од СДСМ, рече дека доказите се разгледуваат во времето кога се најдени, а не претходно. Таа инсистираше да се расправа за статусот на Митровски.

– Ни следи референдум кој треба да придонесеме да биде законски организиран и со доверба на граѓаните како што и до сега сме се труделе да има законски избори. Затоа да ги отвориме сите сомневаања – рече таа.

ДИК и претходно разговараше за транскриптот од снимените разговори во кои се соменува Митревски, но сега за прв пат го начна прашањето за неговата легитимност.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат