Реџепи за Бузаку по ултиматумот: Со геј не се занимавам

Од:

Актуелниот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи, запрашан за ултиматумот што му го постави формално-правниот поглавар, Скендер Бузаку, рече: „Со геј не се занимавам“. Тој не најде простор да одговори на прашањата за доказите кои Бузаку најави дека ќе ги објави, а за кои тврдеше дека има индиции за тешки кривични дела.

„Со геј не се занимавал. Тие треба да бидат надвор од верските заедници“, кусо коментира Реџепи.

Додека Реџепи ја даваше изјавата, до него седеше министерот за економија, Крешник Бектеши, кој не реагира на ваквото однесување од страна на актуелниот реис.

Пред два дена Бузаку му постави ултиматум на Реџепи до утре да го напушти седиштето на верската заедница, а доколку не го стори тоа, најави дека ќе објави страшни докази против него. Бузаку потенцира дека доказите ќе покажат оти Реџепи правел тешки кривични дела додека бил на чело на ИВЗ. Пред седиштето на ИВЗ беше присутна и полицијата.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска