Реџепи: „Радикалниот ислам“ или „исламскиот тероризам“ се измислени за да го понижат исламот

Од:

По повод светиот месец Рамазан, во ексклузивно интервју за порталот на албански јазик „Експрес.мк“, поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, говорејќи за „радикалниот ислам“ или за „исламски тероризам“, вели дека овие термини се измислени само да го понижат исламот.

Тој во интервјуто зборува за светиот месец Рамазан како и за други теми со кои секојдневно се среќаваат муслиманите.

– За ова тема до сега сум бил многу транспарентен и со непоколебливи ставови. Зборот „радикалниот ислам“ или „исламскиот тероризам“ биле измислени само за да го понижат исламот. Исламот е вера на мирот, толеранцијата, лубовта и на хармонијата. Илсамот во ниту една своја буква или збор не повикува на тероризам ниту, пак, го мотивара убиството. Да бидете убедени дека тие што повикувата на крвопролевање, тие што повикуват на терористички акти, секогаш во име на верата, таквите се исклучени од исламот, таквите немат ништо заедничко со исламот. Спротивното на ова ќе го кажат само тие кој немат ништо заедничко со исламот или не го познават исламот како вера – вели поглаварот Реџепи во интервјуто за порталот.

Според него, секој кој се радикализира, било политички, или верски, тој нема никаква врска ниту со политиката ниту со верата.

-Едноставно, нивниот радикализам се предизвикува од нивниот страв од маргинализација. Во двете варијанти, или во радикализам или во маргинализација, човек со таков античовечки менталитет е предодреден да биде губитник како во овој свет така и на другиот свет – вели Реџепи.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска