Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска на прес-конференција рече дека денешната седница не била одложена, туку поништена и најави дека ќе постапува само согласно Деловникот на Собранието.
– Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието, кој исто како Владата, која секојдневно ги прекршува и Уставот и законите, сакајќи да ги имитира и нив очигледно и претседателот на Собранието сакал да свика седница, без претходно да биде поднесено барање до мене како претседател на Комисијата за агенцијата за национална безбедност, рече Реџепи.
Деловникот е јасен, како што рече, согласно член 126 од Деловникот јас свикувам седница по барање од една третина од членовите на комисијата или по барање на претседателот на Комисијата.
– До мене ниту вчера, ниту денеска не е стигнато такво барање, ни до Комисијата, ниту од претседателот на Собранието затоа денешната седница не беше одложена, туку поништена бидејќи е против Деловникот и седница ќе свикам јас кога за такво нешто ќе има барање. Жалосно е што станавме банана држава, во која секој секого прислушува и во која секој знае за тоа. Како може премиер да има такви информации дека е прислушувам кога се знае дека државните безбедносни служби класифицираните информации се знае по кој ред на законот се изнесуват во јавноста и затоа јас нема да бидам дел од еден ваков скандал, рече Реџепи, нагласувајќи дека ќе постапува само согласно Деловникот.
Одговорајќи на новинарско прашање зошто до него не е доставено барање, изјави дека вчера ги контактирал сите служби кои, како како што рече, истовремено велат дека поднеле приговор кон Кабинетот на претседателот на Собранието дека такво барање е против Деловникот.- Јас имам потполно право да поднесам пријава против него и тоа му го пренесов нему преку нашиот координатор и затоа тој денеска мораше да ја поништи седницата, рече Реџепи, додавајќи дека доколку денеска се одржел состанокот, ќе поднел кривична пријава.
Прашан за безбедносниот сертификат, Реџепи вели дека 10 или 11 месеци се уште нема одговор зошто тој и неговиот заменик на комисијата, немаат сертификат и додаде дека нема портреба од проверки. – Во Словенија мандатот на пратеникот почнува и со безбедносен сертификат. Нема потреба од проверка. Истото важеше и за претседателот на Собранието, се изгласа и автоматски доби безбедносен сертикфикат, без да биде проверн во нашата држава, додаде Реџепи.