Реџепи: Беса да не презема избрзани чекори, в понеделник ќе разјаснам се

Од:

Пратеникот од Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи најави дека во понеделник на прес-конференција ќе се појави пред новинарите. Тој ја повика неговата партија да не презема чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активности.

-Следниве денови ќе имаме можност подиректно да ве информирам за сѐ. Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активности. Треба да се постапува внимателно, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на Фејсбук.

Тој вчера не се појави во Собранието и поради тоа опозицискиот блок не успеа да ги собере потребните 61 пратеник за да изгласа недоверба на Владата. Опозицијата тврдеше дека тој е киднапиран, а лидерот на БЕСА, Билал Касами го пријави за исчезнат во полициска станица. Реџепи преку социјалната мрежа Фејсбук вчера соопшти дека е добро и на сигурно место. Рече и дека е на правилната страна, со Албанците и со граѓаните кои се за мир, слобода и демократија.

Би можело да ве интересира

Беса и Алтернатива ќе прават опозициски фронт

Ковачевски: Не размислувам за оставка, мандатот не ми е поврзан со уставните измени

Орце Костов

Дурмиши: Движењето Беса е отворена за сите политички партии кои имаат за цел промена на централната власт

Ана Ололовска

Претседателството на Алтернатива утре ќе разговара за соработка со Движењето Беса

Ана Ололовска

Васко Ковачевски си заминува од ЕСМ за да му се посвети на семејството, одлуката била донесена пред енергетската криза

Орце Костов

Касами: Уставни измени само доколку го рефлектираат мултиетничкото општество