Редици за вакцина пред Поликлиниката „Букурешт“ има од седум натуро, за Министерството – системот функционира беспрекорно

Од:

Откога вчера избегнаа одговори, а метежот пред вакциналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“ продолжи и денеска, од пиар-секторот на Министерството за здравство велат дека системот функционира беспрекорно. На прашањето дали метежот, чекањето без маски и дистанца може да доведат до ширење на вирусот – нема конкретен одговор, туку потенцирање дека тие постојано апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките. Министерството не ја исклучува ниту можноста одново да го отвори пунктот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доколку е потребно зголемување на капацитетите. Долги редици, од ходникот на вакциналниот пункт до паркингот, имаше и утрово околу 7.30 часот.

„Пред сите здравствени установи има припадници на АРМ и МВР, начинот на нивните надлежности и постапувања не се во надлежност на Министерството за здравство“, велат од Министерството за здравство на прашањето зошто нема зголемен број редари пред вакциналните пунктови.

Иако вчера „А1он“ објави и видео, каде што се слуша како граѓаните се револтирани поради долгото чекање, Министерството за здравство не добило поплаки за процесот на вакцинација.

„Најголем притисок за вакцинација вчера беше забележан во Скопје, па оттука бргу се реагира и веднаш за неполни 24 часа, системот се реорганизира и од утрово, како што најавивме, работат нови вакцинални пунктови, дополнително во четири здравствени установи на територијата на главниот град. Почнувајќи од вчера, заинтересираноста на граѓаните за вакцинација е голема. Денеска, до 12 часот, само на новоотворените пунктови во Скопје, односно на секој пункт одделно, се вакцинирани од 150 до 200 граѓани. Медицинските екипи на пунктовите за вакцинација работат ефикасно и ефективно и досега до Министерството за здравство не стигнала никаква жалба за процесот на вакцинација“, велат од Министерството за „А1он“.

Од таму нема конкретен одговор зошто се дозволува граѓаните да чекаат надвор на високите температури наместо внатре, иако тоа е задолжително по примена вакцина. Од таму велат само дека има обезбедени места и во поликлиниките, иако од видеото на „А1он“ се гледа дека граѓаните седат на столчиња надвор, а претежно станува збор за лица во поодминати години.

„Секој вакцинален пункт во внатрешниот дел има обезбедено место на кое граѓанинот треба да почека 10-15 минути по примената вакцина“, додаваат од Министерстово.

Не се отфрла опцијата повторно да се воведат и термини за вакцинирање, велат од Министерството, а тоа зависи од процените дали на тој начин процесот за имунизација би течел побргу, но и поедноставно за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски