Нивоата на реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Сатеска кај Ботун и Крива Река кај Крива Паланка се двојно пониски од нивниот просек за ноември.
Минимални отстапки има и на водостоите на Вардар кај Скопје и Јегуновце, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.
Езерата се на речиси исто ниво со вчерашното, Дојранското е на три пати повисоко ниво, додека Преспанското и Охридското се околу просекот.