Речиси 80% Унгарци разочарани од азилот на Груевски

Од:

Седумдесет и девет отсто од граѓаните во Унгарија би го отфрлиле барањето за азил на Никола Груевски, покажува брзото истражување на „24.ху“, кое е правено од објавувањето на веста дека експремиерот бара азил во Унгарија.Според „24.ху“, истражувањето покажало дека мнозинството Унгарци се згрозени, лути и разочарани поради фактот дека Груевски добил статус на бегалец од унгарските власти.

Репрезентативниот примерок бил спроведен на лица од 18 до 60 години, граѓани што сметале дека унгарската влада ќе го прифати барањето на сојузникот на Виктор Орбан за азил во земјата. Резултатите од истражувањето со апликацијата „Пулзус“ се потврдија кога Груевски доби статус на бегалец, односно Канцеларијата за имиграции и азил го одобри неговото барање.

Порталот „24.ху“ пишува дека ниту вестите објавени во провладините медиуми не успеале да го убедат мнозинството од 79 отсто, кои сметаат дека не е легално на Груевски да му се даде статус на бегалец. Само 9 отсто сметале дека таква одлука е оправдана, а 12 отсто се изјасниле со „не знам“.

„Ги прашавме испитаниците каков е нивниот став за приемот на Груевски во Унгарија. Никој не изрази радост, имаше многу малку позитивни чувства, а мнозинството од испитаниците беа лути и разочарани“, се наведува во истражувањето на угарнскиот „24.ху“.

Повеќе од третина од испитаниците сметале дека случајот на Груевски ги подобрува односите меѓу Русија и Унгарија. Од истражувањето произлегува и заклучокот дека случајот со Груевски и Унгарија ги затегнува односите меѓу унгарската влада и Европската Унија. Во текстот се наведува: „Иако формалниот меѓународен одговор за бегалскиот статус на осудениот премиер досега не е развиен, голем број испитаници веруваат дека владата на Орбан дејствува против принципите и интересите на Европската Унија“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Унгарија одбива да прифати мигранти на својата територија

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вучиќ на Инстраграм најави дека Унгарија ќе и помогне на Србија

Горан Наумовски