Рецензија на вчерашните вести на МРТВ

Од:

Дневник 2, МТВ1 – 19:30
уредник-водител на ден: Стојан Трпчевски
уредник на Информативната програма: Горан Петрески
одговорен уредник на МТВ: Диме Ратајкоски

Во најавата на Дневникот 1 на Македонската радио телевизија на ден 24.04 2015 година на кои уредник и водител беше Стојан Трпчевски беа емитувани како главни настаните со загинувањето на мигрантите, декларацијата за опозицијата да се врати во парламентот, влијанието на политиката врз економијата и од светот беше презентирана веста за прославата на денот на победата над фашизмот во Москва.
Главните најави беа презентирани конкретно со следниве наслови и под овој редослед:

1. Патот кон подобар живот заврши кобно
2. Објавена декларација со осуда на опозицијата
3. МАНУ и бизнисмените за стабилна економија
4. Полска и конкурира на Русија

Истиот ден во Скопје се одржаа протести на хонорарните работници за законот кој засега околу сто илјади граѓани, оставка поднесе деканот на Правниот факултет Борче Давитковски која доби дополнително внимание во јавноста поради претходните студентски и професорски протести и конфронтациите со плановите на власта, а лидерот на опозицијата до Јавното обвинителство достави нови материјали за , на како што рече, докази за аферите Пуч и Поткуп но дел од овие информации воопшто ги немаше, а дел не најдоа место во најавата на вестите.

Најдолга најавена вест беше информацијата за декларацијата што ја потпишале пратениците во Советот на Европа. Воедно во најавата на декларацијата уредникот без никаква ограда дека тоа се наведува во документот вели дека јавно била осуден “обидот за недемократско преземање на власта од страна на опозицијата” со што се сугерира дека тоа е веќе утврдена вистина иако ниту еден од судските процеси не е завршен, а политичката криза е далеку од разрешница за да се знае исходот околу преземањето на власта.

Првиот прилог беше за инцидентот со меѓународниот воз што прегази 14 мигранти. Новинарот излегол на терен и направил репортажен прилог по кој беше пуштен и прилог на дописничката од Велес кој ги имаше деталите и изјавите од надлежните поврзани со несреќата.

И третата содржина беше посветена на инцидентот со мигрантите а од разговорот за МТВ со првиот човек на Македонски железници-Транспорт беше нагласено дека несреќата не можела да се избегне. Евиденто од трите содржини поврзани со инцидентот е што не се побара ниту се сугерираше дека треба да има одговорност и од македонските надлежни за трагедијата.

Четвртата содржина на вестите беше прилогот за декларацијата за осуда на опозицијата на Советот на Европа. Прилогот на дописникот од Стразбур Тони Гламчевски беше коректно новинарски сработен, но недостигаат некои работи за да се појасни ситуација. Во прилогот има тонска изјава на Педро Агамур кој е најавен како потписник на декларацијата, но недостига делот околу тоа каква е тежината и обврските кои произлегуваат од неа.

Веднаш по него во вестите беше емитуван прилог дека собранието ја враќа праксата за отворен ден за граѓаните, па потоа изјавата на министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека не требало да се потценува инцидентот во Гошинце. Во тој прилог речиси постојано и во парафразите на новинарот но и во нејзините директни изјави беше нагласувано дека се работи на случајот, со што се стекнува впечаток дека ситуацијата е целосно под контрола на МВР, а граѓаните не се во опасност иако дел медиуми пишуваат и за други аспекти на инцидентот.

Доказниот материјал што го достави претседателот на СДСМ Зоран Заев до Јавното обвинителство беше презентиран како прилог заедно со реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од најавата на прилогот за декларацијата на Советот на Европа, водителот во најавата стави огради од ставовите на Заев. Се добива впечаток и дека предолго беше цитирано и беше презентирано речиси целото соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

Кратка изјава со најава имаше и од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за кривичната пријава против премиерот Никола Груевски но не беше цитиран делот од аудио снимката која СДСМ ја објави минатиот викенд и во која се слуша како премиерот лично се инволвира во случувањата во општина Центар.
Спорно беше презентиран вчерашниот настан пред Радио Слободна Македонија. Имено уредникот во најавата наведе дека продолжувале нападите врз новинари, иако во настанот има две страни, а втората односно активистот Никола Наумоски има друго објаснување за настанот со кое не може да му се даде квалификација на напад а водителот не го зема предвид при подготовката на најавата.

И покрај силните реакции од странство и солидаризацијата на новинарите од Македонија, во контекстот на нападот на новинари не е спомнат случајот со Борјан Јовановски како бекраунд информација која би одела во прилог на најавата дека се напаѓаат новинари. Вториот извор во прилогот е водителот Јанко Илкоски кој тврди дека исто така бил вчера вербално нападнат. Целта на ваквиот третман е да се прикаже дека се нападнати само новинари блиски до власта и тоа од активисти, кои всушност и во самиот прилог тврдат дека биле испровоцирани, први нападнати и дека реагирале на тоа.

Највениот прилог за влијанието на политичката криза во економијата беше пуштен во втората половина од вестите. Во него се инсистираше дека поради нестабилноста проектите ќе останеле во фиоките а инвеститорите нема да ги вложувале парите.

По прилогот за промоцијата на Македонија како дестинација за вински туризам, кратко беше прочитана вест која стигнала во текот на дневникот за средбата на грчкиот министер за надворешни работи со посредникот Метју Нимиц.

Потоа следеа вестите од светот кои почнаа со презентација на комеморацијата во Ерменија, одбележувањето на битката кај Галиполе во Турција, воената парада во Русија на која нема да одат западните лидери кои ќе заминле во Полска и неколку други вести од светот.

Протестот на хонорарците во Скопје беше презентиран само преку изјава на активист и кон крајот на вестите по информациите од светот.

Претпоследната содржина во вестите од дебатата меѓу властите, граѓаните и угоститителите за ограничување на работата на времето на кафулињата беше професионално сработен извештај од дебата во која беа цитирани сите засегнати страни.

Вестите завршија со извештај од прес конференција на министерката за култура за избрани драмски текстови.

Генерално гледано денешното издание на Дневникот не содржеше неколку информации кои се од јавен интерес или пак ако ги имаше беа презентирани кон крајот на вестите а им беше дадена и мала минутажа како во случајот со протестот на хонорарците.

Новинарски пленум

Рецензент: Јане Димески

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он