Реализирана првата фаза од прскањето против комарците во Кочани и Виница

Од:

На подрачјето на општините Кочани и Виница рано изутрината се реализираше авионско прскање против комарците во рамки на првата фаза од овогодишната кампања.

Третманот се спроведе на површина од 3.400 хектари во Кочанско и околу 1.200 хектари во виничкиот регион, а двете општини заедно вложија над два милиони денари. Освен во населените места од низинскиот дел, со прскањето беа опфатени и оризовите површини кои се природни легла на комарците.

Во акцијата се користеше еколошки инсектицид Ауродил – Супер ПБ, чиј хемиски состав нема штетно влијание врз луѓето и топлокрвните животински видови, а е одобрен од Бирото за лекови.

Првата фаза од акцијата во општина Кочани ќе се комплетира деновиве со прскањето од земја, со специјално прилагодено возило.

Притоа ќе бидат опфатени околу 1.200 хектари во градското подрачје, во приградските населби и дел од населените места во општината.

Инаку, до крајот на летната сезона во двете општини ќе се реализираат уште две фази од авионското и терестијално прскање, а тие се планирани за во средината на јуни и август.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени