Реализирана првата фаза од прскањето против комарците во Кочани и Виница

Од:

На подрачјето на општините Кочани и Виница рано изутрината се реализираше авионско прскање против комарците во рамки на првата фаза од овогодишната кампања.

Третманот се спроведе на површина од 3.400 хектари во Кочанско и околу 1.200 хектари во виничкиот регион, а двете општини заедно вложија над два милиони денари. Освен во населените места од низинскиот дел, со прскањето беа опфатени и оризовите површини кои се природни легла на комарците.

Во акцијата се користеше еколошки инсектицид Ауродил – Супер ПБ, чиј хемиски состав нема штетно влијание врз луѓето и топлокрвните животински видови, а е одобрен од Бирото за лекови.

Првата фаза од акцијата во општина Кочани ќе се комплетира деновиве со прскањето од земја, со специјално прилагодено возило.

Притоа ќе бидат опфатени околу 1.200 хектари во градското подрачје, во приградските населби и дел од населените места во општината.

Инаку, до крајот на летната сезона во двете општини ќе се реализираат уште две фази од авионското и терестијално прскање, а тие се планирани за во средината на јуни и август.

Би можело да ве интересира

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани