Реактивирање на Аматерското астрономско друштво-Битола

Од:

Професори, студенти и ученици од Битола синоќа ја почнаа постапката за реактивирање на Аматерското астрономско друштво-Битола чија активност, како што рекоа, имала и има традиција во овој град.

На синоќешниот промотивен настан што се одржа во Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола беше приредена првата презентација на тема „Настанување на вселената – Биг Бенг“, како  асоцијација на новиот почеток на друштвото.

Прв предавач во серијалот предавања што ќе и бидат понудени на општата и стручната јавност беше Кристијан Нонкуловски.

– Темата што ја понудив на бројниот аудиториум за нас како иницијатори беше дополнителна потврда за мотивот со кој пристапивме кон реактивирање на друштвото. Говорев за доказите околу почетокот на Универзумот, но и за дилемите што постојат за вселената во смисла до каде води универзумот, можните сценарија за еветуалното расцепување или бесконечно ширење на универзумот, појасни Нонкуловски.

Аматерското астрономско друштво-Битола неодамна на Широк Сокак организираше набљудување небесните појави со телескопи, а наскоро ќе промовира и посебна програма за работа на Друштвото.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција