Реакија на општина Охрид на прес конференцијата на СДСМ

Од:

Општина Охрид со чудење и неверување гледа на прес конференцијата на Томислав Тунтев во која тој критикува зошто партијата ВМРО ДПМНЕ обезбедила сопствени простории.

Зачудени сме и мора да прашаме дали господинот Тунтев ги променил своите ставови за 360 степени бидејќи пред само година и неколку месеци, Тунтев во интервју за еден охридски интернет портал изјави дека тој се чувствува лошо и не можел да свати како е можно СДСМ Охрид да нема свои простории, а владеела со градот цели осум години. 

Во продолжение во интервјуто Тунтев продолжува со гнев, жал и чудење да зборува дека не можел да поверува како е можно СДСМ Охрид не само што нема свои простории и не само што морало да ги има туку тој вели дека се чуди како може СДСМ Охрид да нема своја зграда во градот и да остане на улица.

Господо од СДСМ во време на вашите осум години власт во Охрид се изградија над сто нови згради, средствата кои фирмите беа обврзани да ги платат само по основ на комуналии сигурно биле милиони евра, а вашата партија си ојде од власт оставајќи долг од 35 милиони евра.

Од тука не чуди што и партијата СДСМ Охрид остана без простории и се селеше, но повторно ќе прашаме како можеше Тунтев тогаш да се чуди зошто СДСМ Охрид немал цела зграда во сопственост, а денес се чуди како може ВМРО ДПМНЕ да има свои простории.

Што се однесува до повторните коментари на Тунтев за кредитот од Светска банка, цениме дека е излишно повќе да се коментира и одговара, и сметаме дека е среќна околност некој што не му даде на Охрид кредит во времето на СДСМ, бидејќи сигурно средствата ќе исчезнеа исто како што исчезнаа милиони евра од комуналии од повеќе од сто згради кои се изградија во нивно време, а партијата им остана на улица, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски