А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Бочварски од СДСМ

by А1он30/01/2016 - 16:3330/01/2016 - 16:33106
Share0

СДСМ не си верува ниту сам на себе кога зборува за инвестициите во железницата. Во Македонија постојат споменици на инвестициите на СДСМ во железницата – тоа се бетонските столбови на кои требаше да биде направена пругата кон Бугарија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова се наведува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

– СДСМ во железницата успешно избрка од работа стотици вработени и успешно не закова ниту една шајка на некоја пруга. Набавката на нови возови во време на СДСМ е од жанрот научна фантастика. Затоа СДСМ има елементарни непознавања од оваа тема и е во паника кога во Македонија се обновува возниот парк на железницата и се инвестираат милиони евра во реконструкцијата на железничките станици и пруги, се наведува во реакцијата.

ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата посочува дека првиот од новите возови е по европски стандарди, како и пругата и ќе започне редовно да сообраќа многу скоро кога ќе се завршат сите редовни процедури, како што е веќе завршеното успешно тестирање од страна на европско нотифицирано тело.

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај обновувањето на возниот парк, се потсетува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ, дел од инвестициите во железницата во овој циклус се: реконструирана железничката делница Табановце-Куманово во должина од 12 километри и Миравци-Смоквица исто така во должина од 12 километри, во инвестиција вредна 7 милиони евра, во тек е реконструкција на делницата Ногаевци-Неготино од 30 километри и вредност од 9,4 милиони евра, а во тек е изградба на пругата кон Бугарија, конкретно делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар и вредност од 39 милиони евра. Во завршна фаза е проектирањето на втората делница кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства од 147 милиони евра. Се подвлекува дека во тек е изградбата на пруга од Битола до Кременица кон Грција и еден крак до Индустриската зона Жабени, инвестиција од 19 милиони евра, како и проектирање нова пруга кон Албанија од Кичево до Лин во должина од 63 километри.

Завршена е реконструкцијата на Железничката станица во Скопје во вредност од 2,6 милиони евра и во тек е реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10, инвестиција од 1,9 милиони евра кои ќе се завршат во 2016 година.

– За само 84 дена на 24-ти април СДСМ ќе мора да излезе повторно на мегдан со судот на народот. Ќе мора да ги погледне во очи граѓаните кои ги нарекува стока и стадо овци, граѓаните кои сака да ги лаже со бесрамните продукти на Заев, Спасовски и Чаушот и 10-ти пат по ред да се покори пред волјата на народот, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео