Реакција од Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод ставовите искажани од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, реагираат од Кабинетот на претседателот во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот Стево Пендаровски, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза.

Од Кабинетот посочуваат дека во соопштението од средбата, кое денеска повторно го препраќаат, никаде не се споменува ветување за набавка на лек, затоа што, како што нагласуваат, за оние кои ги разбираат работите, Претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови.

-Не веруваме дека јасната содржина во двата документи ќе ви помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна вашата цел, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немате буквално ниту еден аргумент на своја страна. Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање на политички поени, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Оттаму повторуваат дека иако претседателот не е надлежен за набавка на лекови, тој смета дека сите лица од оваа категорија на болни, мора најитно да ја добијат неопходната терапија.

-Претседателот Пендаровски искрено сочувствува со семејството на починатиот Благојче Илиевски.
Точно е дека претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И, не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат, или работат со граѓани од ранливите групи. Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми кои ги имаме во нашата држава, независно што не спаѓаат во негови надлежности. Во однос на обезбедување на лекот „Трикафта“, претседателот Пендаровски како и членовите на неговиот Кабинет имаа комуникација и дадоа повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски