Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на прес-конференцијата на Локвенец

Од:

„Освен деструктивни дејствија, манипулации и обид за извртување на вистината од СДСМ никој неочекува ништо друго. Продолжувате да ја манипулирате јавноста со креирани материјали добиени од странски разузнавачки служби кои работат за уривање на Македонија.

Вашето сценарио за дестабилизација и назадување на државата е веќе разобличено и тоа со признанија на дел од извршителите дека нелегално се вршело прислушкување.Во целата оваа ситуација разочарува фактот дека за да дојдете на власт би го уништиле и сопствениот град и Република Македонија. Грижата за Прилеп и прилепчани се покажува преку дела, граѓаните сакаат светла иднина, а не црни сценарија“, се вели во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на прес конференцијата на Хари Локвенец.

„Инвестициите во образование, комплетно реконструирани училишни згради, изградба на спортски сали и игралишта, реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во градот се мал дел од проектите со кои ВМРО-ДПМНЕ ја покажува грижата кон своите сограѓани. Коплетната преродба што Прилеп ја доживеа во последниве години сведочи кој работи посветено за своите сограѓани, а кој во матни времиња грижејќи се само за сопствено богатење ги затвори фабриките од кои екзистира прилепчани.

Самиот факт што вие затворавте, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ отвора нови работни места јасно говори за грижата и посветеноста кон граѓаните. Ве потсетуваме дека пред само неколку денови беше потпишан договорот со американската компанија „Гентерм“ која ќе отвори 2000 нови работни места во Прилеп. Ете тоа се факти и дела со кои се сака Прилеп. Решавањето на проблемот со Тутунскиот Комбинат преку стратешкото партнерство со „Филип Морис“ е факт со кој се штити сопствениот град. Фактот што во време на СДСМ тутунарите беа запоставени, нивниот труд обезвреднет, а родот откупуван по ниски цени и без субвенции покажува кој се грижи, а кој ги манипулира сопствените граѓани.

Владата на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ досега има исплатено над 700 милиони евра субвенции за земјоделците и целосно опстоивме на дадените ветувања во програмата на Владата. Граѓаните знаат да споредат помеѓу субвенциите изнудени со штрајкови што СДСМ никогаш не ги исплати, со 26 милиони евра субвенции за произведен и продаден тутун што ги исплати Владата на ВМРО-ДПМНЕ за минатата година или само за прилепскиот тутунар 14 милиони евра исплатени субвенции“, велат од ОК ВМРО – ДПМНЕ Прилеп.

„За вашата загриженост да биде прифатена од прилепчани најпрво одговорете им каде ги трошевте нивните пари во ваше време и зошто не беше реализиран ниту еден проект во Прилеп?За да не демaнтарите ве повикуваме да излезете од канцелариите и да одржите прес конференција пред барем еден проект за Прилеп од времето на СДСМ.

Прилепчани им веруваат на реалните проекти кои се дел од нашиот живот.Прилеп има потреба од сериозна политичка партија која гради и создава за идните поколенија, а не од луѓе кои откако еднаш ја уништија Македонија сега повторно се обидуваат тоа да го направат. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на реализација на проектите кои ги ветивме, а граѓаните повторно сами ќе ја увидат разликата“, реагираат од ОК ВМРО – ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ