А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на заменик министерот Наумов

by А1он16/02/2016 - 17:5596
Share0

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагира на ставот на заменик-министерот за финансии Кире Наумов во врска со денешната аукција на Министерството за финансии и притоа посочува дека тој и неговата партија СДСМ прават се да го попречат нормалното функционирање на Македонија.

Добивај вести на вибер

– Наумов и СДСМ наместо да им се закануваат на банките и инвеститорите, нешто што е нечуено и невидено во светот, мора да дадат одговор на прашањето како испарија во воздух две милијарди евра со кои СДСМ ја задолжи Македонија и 40 кредити на СДСМ кои се исплаќаат и ден денес? Половина од јавниот долг на Република Македонија е наследство од СДСМ. Како е воопшто возможно да ја задолжиш земјата со две милијарди евра, а ништо да не оставиш зад себе, освен коњи, рејбанки и бисерни огрлици за 8-ми март како најпознат проект во здравството на СДСМ?, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Наумов, се додава во него, сакаат со лаги, манипулации и притисоци да ги избегнат овие одговори па, како што се посочува, лажат за некакви грчки сценарија во Македонија, иако Македонија е официјално меѓу најмалку задолжените земји во Европа, а Грција е еден од најголемите должници во Европа.

– СДСМ го воведе финансирањето на буџетот преку Државните хартии од вредност, нешто што е редовен начин на финансирање на буџет во повеќето земји во светот, а сега скандализира една редовна процедура заради потребите на црниот политички маркетинг. Така се надева СДСМ дека ќе успее да го подобри мизерниот рејтинг од 15,7 проценти во споредба со повеќе од двојно поголемиот рејтинг од 36,8 проценти на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од неработењето на СДСМ, во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, се додава во него, покрај тоа што се враќаат кредитите на СДСМ се градат автопатишта во вредност од речиси милијарда евра, изградени се 510 километри регионални патишта, изградени се 350 локални патишта, изградени се 70 нови училишта, реконструирани се 350 училишта, изградени се 80 нови спортски сали, 35 фудбалски игралишта, 51 повеќенаменски игралишта, 39 тениски игралишта, 46 нови детски градинки, набавена е модерна опрема и лабаратории за болниците, намалени се партиципациите за студирање, се реконструираат студентските домови и се градат нови. Просечната пензијата од 2006 година наваму е покачена за 70 отсто, а исплатени се и повеќе од 800 милиони евра субвенции за земјоделците.

dpmne

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен