Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ наведуваат дека додека беа на власт не реновираа ниту метар од железничката пруга, не набавија ни половина вагон, не реновираа ни еден перон на железничките станици во Македонија.

– Ете овие железнички експерти од СДСМ денес имаат образ да зборуваат за инвестициите во железничката инфраструктура во Македонија, наведуваат во реакцијата.

Додаваат дека денес во Македонија не само што се набавуваат нови железнички композиции, туку се реновираат десетина железнички станици, се реновира железничката станица во Скопје, се реконструира постоечката железничка инфраструктура и се работи забрзано на реализација на она што СДСМ го ветуваше, а не го оствари, железничко поврзување со Бугарија.

Во реакцијата посочуваат дека граѓаните ги гледаат десетиците фабрики низ цела Македонија и илјадниците  нови работни места, новите возови, автобуси, реконструирани и изградени училишта, болници, градинки и стотици други проекти реализирани од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.   – Но, граѓаните, како што додаваат, исто така ги гледаат и празните ливади во Струмица кои Заев ги нарекува индустриски зони. Тоа доволно говори за (не)успешноста на општина Струмица и (не)способноста на нивниот партиски лидер.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ Струмица е успешна, бидејќи не успеа да ги направи 3-те индустриски области, бидејќи не успеа да ги отвори 300-те ветени, а нереализирани производствени погони, бидејќи не успеа да обезбеди 3000 нови работни места.

– Тоа е истата општина во која нема ден граѓаните да не се жалат на комунални проблеми, инфраструктурен хаос и депонии, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата