Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Бочварски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на Благој Бочварски од СДСМ. Следува интегралното соопштение.

СДСМ да знаеја да работат ќе работеа, но СДСМ и Благој Бочварски единствено што можат е да лажат и манипулираат.

Бочварски треба најпрвин да увиди каква е ситуација во општините каде што неговите партиски колеги се градоначалници.

Со денови граѓаните на општините Струмица и Куманово се соочуваат со непроодни улици и замрзнати тротоари.

Над 30 струмичани поради неичистените тротоари во Струмица и неодговорноста на градоначалникот во заминување се здобија со скршеници, додека пак улиците во Куманово изгледаа како скијачки патеки, а механизацијата која требаше да ги чисти улиците во Куманово беше завена од снегот.

Исто така го повикуваме неинформираниот Бочварски да ги посети улиците во Центарот на Скопје, бидејќи неговиот коалициски партнер Жерновски не е во можност да го исчисти снегот и мразот, зошто мрзливиот градоначалник на Центар неколку дена беше на одмор во луксузниот Боровец.

Граѓаните ваквата деструктивна политика на СДСМ 10-ти пат ја казнија на 11-ти декеври 2016 година.

Институциите во Република Македонија и општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ изминативе недели навремено интервенираа и ги чистеа патиштата, коловозите и тротоарите.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да работи за доброто на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус