Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конфренцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев наведува дека тој покажал дека е крајно неодговорен политичар, подготвен целата држава да ја стави во залог само да ја зачува неговата функција во партијата.

– Зоран Заев нема кредибилитет да говори во јавноста и да обвинува други, кога сите знаат дека тој беше човекот кого го аболицираа за криминал тежок осум милиони евра и кој додели народни пари преку тендери на сите свои роднини и бизнис ортаци во Струмица. Тој денес наместо да одговара за криминалот живее во луксуз исто како и неговите соработници-криминалци. Тие денес се обидуваат да се доберат на власт, не со програма и преку избори, туку со интриги, исто како и нивниот политички татко Бранко Црвенковск, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Свесни сме, посочуваат од партијата, дека Заев се дави во калта во која сам се вовлече, но не ја разбираме неговата потреба постојано да манипулира, дури и во ситуации кога на целата држава и е јасно дека просторот за маневар е така тесен што веќе ни него не го собира.

– Ако мисли дека политичкиот дијалог е под некаков притисок кој тој го прави, го замолуваме да не притиска толку, зошто станува непријатно за гледање на сите останати, а најмногу на неговите најблиски соработници, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски