Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ поврзана со ребаланост на Буџетот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на обвинувањата на СДСМ дека власта брзала да го донесе ребаланост на Буџетот за 2015 години за да го избегне спротивствувањето на ставовите со опозицијата вели дека тој бил во процедура во Собранието уште од минатиот месец.

– СДСМ го преспа ребалансот на Буџетот, кој патем е во Собрание уште од јули месец. Доколку СДСМ изразеа порано желба да дебатираат за ребалансот, ќе им го испратевме во Грција, да го прелистуваат додека се сончаат на грчките песочни плажи. Но ќе имаат повторно шанса и со нетрпение ги очекуваме во Собранието на дебата за буџетот 2016, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Во неа се додава дека она што СДСМ го чуди најмногу е натфрлањето на приходите и тоа како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, после се што направиле со креираната политичка криза за да ја урнисаат македонската економија.

– Но не им појде од рака. Добрите перформанси на буџетот се факт, како и проектите кои се реализираат со него. Даночните приходи изминатите месеци се натфрлени за 14 отсто. Тоа остава простор не да се крати, туку да се вложат повеке пари за капитални инвестиции. За милјарда и 260 милиони денари се зголемуваат капиталните инвестиции. Околу 370 милиони денари се одвоени дополнително за проектот за гасификација и изградбата на гасоводната мрежа од Клецовце до Штип и исто толку околу 370 милиони денари се изводени за водоводи и канализации во сите населени места во Република Македонија. Околу 220 милиони денари се издвоени повеќе за реновирање и изградба на училишта и спортски сали ширум Македонија. Шеесет милиони денари дополнително во однос на основниот буџет се издвоени за реновирање на Студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје и тн. Освен тоа, се обезбедија и плус пари за отштета за поплавите што се случија во февруари и март, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека оваа власт ги зголемила и пензиите, стипендиите за учениците и студентите, како и платите за полицајците.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски