Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шеќеринска

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција ги отфрла тврдењата на Радмила Шеќеринска и наведува дека изнесува невистини за Извештајот за 24 декември.

– Немало гласање, туку со акт на потпишување, Извештајот бил прифатен. За членовите Илија Димовски и Благородна Дулиќ, а на знаење на Љубомир Фрчкоски и Рената Тренеска-Десковска, правните квалификации не биле прифатливи, се наведува во тектот.

Секој во Република Македонија има право на слободна изразена волја, се додава натаму во соопштението, што членовите на Комисијата, Илија Димовски и Благородна Дулиќ, го направиле со јасна и прецизна форма, изразувајќи несогласност со правните квалификации.

– За ВМРО-ДПМНЕ правните квалификации се неприфатливи, а ќе продолжиме да работиме на реализација на препораките произлезени од Извештајот. ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека евро-комесарот Штефан Филе преку Канцеларијата на ЕК во Скопје знае и за изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и за оградувањето од правните квалификации со потписите во Извештајот. Во делот на т.н. правни квалификации, на СДСМ му дадовме безвредно лижавче на кое тие можат да продолжат да се радуваат. Штом СДСМ не може да се израдува на победа на избори, барем нека се израдува на безвредни правни квалификации во форма на играчка за деца, се наведува во соопштението.

Ако СДСМ и луѓето во СДСМ се незадоволни од Извештајот, тогаш тоа е нивен внатрепартиски проблем, а ние, се посочува, нема да дозволиме лошите меѓучовечки односи и недовербата која владее внатре во СДСМ да се решава врз грбот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ