А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на Владата за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за фирмата „Тотал Инженеринг“

by А1он11/05/2018 - 18:01133
Share0

„Првиот договор фирмата Тотал Инженеринг ДООЕЛ Струмица со Владата на Република Македонија го има потпишано во 2015 година, во времето кога премиер на владата беше Никола Груевски

Добивај вести на вибер

Тој договор бил за истражување на минерална суровина – глина, во с. Дукатино“, Општина Василево.

Следствено на постапката за доделување концесии за експлоатација на минерални суровини, која се практикува со сите концесионери, Владата на Република Македонија, на 65 седница одржана на 24.04.2018, по претходно утврдена постапка во која се запазени сите законски и правни регулативи и се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции, ја усвои одлуката да се додели концесија и за експлоатација на минерална суровина – глина на фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на локалитетот “с. Дукатино“, Општина Василево.

Владата на Република Македонија ја има донесено одлуката по претходна постапка во која се исполнети сите правни предуслови за позитивен одговор во однос на добивање на концесијата.

Позитивно мислење е добиено од сите надлежни институции и тоа: Министерство за транспорт и врски, Министерство за култура, Општина Василево, Управа за заштита на културно наследство, Министерство за финансии и Министерство за животна средина.

По завршување на претходната постапка, Министерство за економија ја ставило одлуката на дневен ред и истата е усвоена.

Записникот од 65 седница ќе биде јавно објавен во согласност со вообичаената пракса и процедура после неговото усвојување на некоја од наредните седници на влада.

Објавувањето на одлуката во службен весник е исто така вообичаена пракса и процедура независно од постапката за објавување на сублимарниот записник од владините седници“, се вели во реакцијата на Владата на РМ на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnevlada

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен