Реакција на Универзитетската клиника за очни болести

Од:

Во врска со денешната прес-конференција на СДСМ, Универзитетската клиника за очни болести повторно и енергично демантира за наводно загадување на препаратот авастин и уште еднаш повторуваме дека тој се користи исклучиво по строг медицински и светски утврден протокол.
Исто така, УК за очни болелсти како врвна јавна здравствена установа од терциерно ниво ги демантира обвинувањата искажани на денешната прес конференција и како самостоен правен субјект од терциерно ниво носиме одговорност и стоиме позади стручноста и компетентноста на нашиот персонал.

Токму тоа го покажа и формираната Комисија за стручен надзор, според која врз основа на добиените резултати од сите земени резултати за микробиолошка контрола (брисеви од работни површини, материјали од пациенти, стерилни шприцеви, вонредни здравствено хигиенски прегледи на вработените во Ук за очни болести), донесе заклучок дека во оваа УК не постои сомнение за евентуална секундарна контаминација на лекот авастин.

Повторно ги информираме нашите пациенти и сите граѓани во Република Македонија дека работиме вообичаено без прекин на оперативниот програм.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза