Солидарност: Слободните здравствени зони се дискриминаторски

Од:

Движењето „Солидарност“ реагираше на идејата на министерот за здравство, Никола Тодоров, за воведувањето на слободните здравствени зони тие најавуваат претставка за преиспитување на уставноста на ваквото владино решение до Уставниот суд.

„Левичарското движење „Солидарност” ја осудува идејата на Министерството за здравство да воведе т.н. „слободни здравствени зони”, бидејќи според условите и правилата презентирани од страна на министерот за здравство Никола Тодоров, Република Македонија и граѓаните нема да имаат никаков бенефит од тој проект кој без мислење на стручната јавност пробуваат да го имплементираат.

Овој проект содржи и рестриктивни елементи за граѓаните на Република Македонија гледано низ призмата на Законот за здравствена заштита бидејќи се прекршени членовите 6 и 9 односно начелото на достапност кое значи географска, физичка и економска достапност за граѓаните, како и начелото на правичност каде е забранета дискриминација по однос на вера, пол, старост и националност.

Доколку истите средства кои треба да се вложат во овој проект, се вложат во подобрување на условите во јавното здравство и истовремено се подобрат условите во него, „здравствениот туризам” што го форсираат преку овој проект ќе стане реалност и без воведувањето на истиот“, се вели во реакцијата на „Солидарност”  по повод најавата на министерот за здравство Никола Тодоров за воведување т.н. „слободни здравствени зони“.

Би можело да ве интересира

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции