Реакција на СДСМ на обраќањето на Мицкоски за економски мерки

Од:

СДСМ преку соопштение реагира на денешната прес конференција на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски прво нека ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, а потоа нека глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните

„Лицемерието, лажната загриженост и неодговорноста на Христијан Мицкоски немаат крај.

Напладне Мицкоски е загрижен за состојбата со коронавирусот, а попладнево веќе можеби ќе оди во тератана или затворен дел од ресторан каде што ќе ги крши мерките кои имаат за цел заштита од ширење на вирусот, како што впрочем досега.

Напладне Мицкоски наводно е загрижен за економската состојба, а неговата дополнителна министерка во Владата, Гордана Димитриеска Кочоска блокираше и се уште блокира проекти важни за економијата, меѓу кои и проектот за помош од 90 милиони евра од Светска банка. Кредит што меѓу другото е за помош на граѓаните како и здравствениот систем – или ова за него не е важно. Да не зборуваме за нарушување на угледот на Македонија пред меѓународните финансиски институции.

До вчера тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваа мерките и поддршката за компаниите и граѓаните, а сега бара тие да продолжат и во следните месеци. Да не се грижи тој за тоа, ние сме покажале дека умееме и без неговите предлози, најдобро да им помогнеме на компаниите и на граѓаните.

Мицкоски е тотално загубен. Во време кога цел свет се бори со сериозна глобална економска криза, кога и посилни и поголеми економии се соочуваат со голем пад на економијата, голем пад на работните места, Мицкоски заклучува дека имало пад на извозот, а при тоа не нуди никакви решенија како што не понуди ниту за време на целата криза.

Единствено што Мицкоски може да направи е конечно да ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, да не оди по теретани и да не седи во затворени делови. Потоа може да си продолжи да глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните“, пишува во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите: Нека одлучи Уставниот суд

А1он

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче