(ВИДЕО) Мицкоски: Има катастрофални резултати во економијата, пад на извозот од 60%

Од:

„Корона заразата одзема животи. А, комисијата за заразни болести не е на нивото на задачата, и главниот проблем е што се исполнуваат политички нарачки, наместо да се носат одлуки за заштита на здравјето.

Во ситуација кога се вклучува политичкиот калкулатор за броење на новозаразени, а со цел да се глуми нормалност наместо реално да се тестира, секоја погрешна одлука ќе се врати како бумеранг со поголеми проблеми од претходно.

И не сме веќе влезени во слепа улица поради клучните амбиции на Заев, кариерата на Спасовски или диктатите врз комисијата, туку државава се движи во еднонасочна улица во сосема спротивната страна од насоката на движењето.

Сите држави околу нас излегоа како победници од кризата, а ние се претвораме во балкански Вухан со бројки како на самиот почеток на светската пандемија. Јас не сум доктор, и не сум медицинско лице, ќе оставам експертите и стручните лица да елаборираат за останатото, но јас сум подеднакво загрижен за она што се случува во економијата. Таму ни се случува навистина стравичен пад“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во текот на вчерашниот ден, Државниот завод за статистика го објави показателот односно параметарот кој што го детерминира растот на БДП во првиот квартал.

Се сеќавате кога Заев, Спасовски, Царовска, Ангеловска не убедуваа дека блескаме, дека економијата практично соборува резултати? Е, вчерашниот податок сето тоа го демантира, но го демантира на брутален начин. Имено, катастрофалниот низок раст на македонската економија во првиот квартал изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2%. А, каков е случајот во околината и каков е случајот со останатите балкански земји?

Имено, соседна Србија книжи раст од цели 5%, понатаму Турција од 4.5%, Хрватска 0.4%, соседна Бугарија од 1.2%. И сите овие кои што неколкукратно имаат поголем БДП од нас во првиот квартал го демантираат она кое што го велеше Зоран Заев и во парламентот кога ја примопредаваше функцијата премиер, односно претседател на Владата, и сето она кое што понатаму го спомнуваа ресорните министри дека блескаме и дека економијата ни е на прав пат“, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС