Реакција на СДСМ Аеродром на прес конференцијата на Ивица Коневски

Од:

„По повеќе од една деценија градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски се сети на Острово и оттука ја почнува предизборната кампања. Срамно е Коневски сега да ветува поправка на улиците кога имаше осум години да го направи тоа и не го направи.

Смешно е Коневски редовните реконструкции на коловозите да ги претставува како капитални проекти. А срамно е што осум години не се грижеше за безбедноста на децата во основните училишта.

Новата власт предводена од СДСМ ќе изврши целосна реконструкција на руинираните улици во Острово, ќе воведе бесплатно обезбедување во основните училишта и ќе направи обележана пешачка зона од ТЦ. Скопјанка до училиштето Браќа Миладиновци.

На 15 октомври од власт си заминува Коневски заедно со урбаната мафија, бизнис интересите на Груевски и Мијалков и коруптивните тендер зделки.

Наскоро доаѓа одговорна, граѓанска локална власт која ќе ги решава клучните проблеми како загадувањето, инфрастурата, урбанизмот и комуналната хигиена“, се вели во реакцијата на СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот