Реакција на РЕК Битола на соопштение на СДСМ

Од:

РЕК Битола реагираше на соопштението на СДСМ што се однесува на исклучувањето на еден од термоблоковите. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

„РЕК Битола апелира СДСМ да не ја вознемирува јавноста со невистини и шпекулации  и да не го користи Комбинатот за производство на електрична енергија како алатка за собирање ситни дневнополитички поени.  Вистината е дека нема никаков колапс, ниту хаварија на термоблоковите во РЕК Битола, туку краткотраен технички зафат на еден од постојните три термокапацитети во овој Комбинат. Станува збор за сосема вообичаен технолошки настан во тридецениското функционирање  на термоелектраната.

Интервенцијата се спроведува во период на намален конзум  и намалена потреба од електрична енергија поради високите температури за овој дел од годината. Се очекува активностите  да завршат во текот на утрешниот ден по што блокот повторно ќе биде ставен на располагање на електроенергетскиот систем  на Република Македонија. Во меѓувреме, АД ЕЛЕМ во целост ги испорачува потребните количини електрична енергија до тарифните потрошувачи преку останатите производни капацитети на компанијата и воопшто не е загрозено домашното производство на електрична енергија“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски