Реакција на прилепските борци на одлуката за одземање на имотот на Сојузот на борците на Македонија

Од:

Основната организација на Сојузот на борците од Прилеп, најостро реагира на, како што беше нагласено на денешната прес-конференција, неправилната и исполитизирана судска одлука со која им е одземен имотот на Сојузот на борците на Македонија.

– Со овој чин на флагрантно нарушување на правото на сопствен имот и на уставните принципи за правна држава, не само што се доведува во прашање опстанокот и дејствувањето на Сојузот на борците на Македонија, туку се прави и грубо сквернавење и негирање на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, на националните и антифашистичките традиции во Република Македонија, рече Благоја Чоноски претседател на Прилепската организација.

Ние, посочи, борците од Прилеп, градот херој на простумот и непокорот, градот во кој пред 71 година започна Востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, градот кој даде 650 жртви, 15 народни херои, не можеме да се помириме со ваков чин.

– Неприфаќајќи го ваквиот однос, Сојузот на борците на Макеоднија, со полн легитимитет и право ќе им се спротивстави на овие незаконски и неморални принципи што се случуваат пред очите на македонската јавност, порачаа прилепските борци.

Би можело да ве интересира

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска

Сојузот на Борците продолжува активно да функционира

Емир Латифовиќ