Реакција на општина Струмица на текст на порталот „Курир“

Од:

„Случајот „Глобал“ и сите апсурдни состојби поврзани со него се креација на ВМРО – ДПМНЕ и Никола Груевски. Од самиот почеток, па до ден денешен, истиот случај често се експонира во јавноста, и тоа секогаш  кога власта сака да го дефокусира вниманието од сопствените слабости, недоследности, афери и криминални дејствија. За жал, така е и овој пат. Случајот „Глобал“ е еден од првите случаи преку кои власта си го покажа своето вистинско, грдо лице за прогон на политичките неистомисленици.

Извртувањата и манипулациите од страна на „Курир“ се очигледни затоа што, ако нешто било незаконско, тогаш не ќе можело ниту да се легализира. Како што одобрението за градба беше во согласност со законите, така и легализацијата е во согласност со сите закони кои се донесени и од оваа власт.

Дека е тоа така, недвосмислено потврдува и фактот дека Катастарот, која е државна институција и под ингеренции на Груевски и неговите владини послушници, го впиша „Глобал“ како легализиран објект.  Со тоа паѓаат во вода и првичните обвинувања за наводно непочитување на денационализација.

Вистината која е како шило, вели дека доколку постои предмет за денационализација, тогаш објектот не може да биде легализиран. Сето тоа ја вади на површина политичката конотација на целиот овој случај, начинот на кој владее Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ и уште еднаш ја потврдува манипулацијата на овој провладин медиум“, се вели во реакцијата на Општина Струмица, на текст на порталот „Курир“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски