Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ – Охрид

Од:

„Очигледно, СДСМ Охрид, водејќи се од максимата дека 100 пати кажана лага, станува вистина, упорно повторува едни те исти прашања на кои еве ние повторно ќе одговориме во интерес на граѓаните на Охрид.

Отуѓувањето на земјиштето како што и вчера посочивме во соопштението се спроведува по барање на Министерство за транспорт и врски. Целата постапка се води во согласност со Законот и прописите за градење, а градежната парцела е проектирана во согласност со важечкиот Урбанистички план. Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште е пропишана со Уредба од страна на Владата на Р. Македонија и изнесува 1543 денари по м2, а крајната цена може да достигне висина и повеќе од 20 пати од почетната. Општина Охрид од продажбата на земјиштето ќе инкасира 80 проценти од средствата, а 20 проценти ќе одат во буџетот на Република Македонија. Исто така општината ќе инкасира средства по основ на комуналии за изградба на објектот.

За подобра информираност, Стариот дел на градот е опфатен со ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТАРОТO ГРАДСКО ЈАДРО НА ОХРИД ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ или популарно наречен Законот за Охрид, во кој јасно се одредени ингеренциите на Локалната самоуправа и ингеренциите на државните органи.

Доколку социјалдемократите од Охрид, сметаат дека оваа пазарна цена е ниска, повторно јавно ги повикуваме да земат учество на електронското наддавање и нека понудат највисока цена и со тоа ќе дадат придонес во пополнувањето на огромниот долг кој тие го оставија.

Охридските социјалдемократи, наместо да излегуваат во јавност со паушални изјави во обид да ги манипулираат граѓаните, нека понудат барем еден пример од времето на нивното владеење, во кој ќе кажат по која цена продале некоја атрактивна градежна парцела“, велат од општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките