Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ Охрид

Од:

„Би сакале да го појасниме концептот на СДСМ Охрид за “модерни училишта”. Граѓаните на Охрид не забораваат и сеуште го отплаќаат “модерниот” стил на работа на СДСМ Охрид кој стил финансиски го нокаутира градот. Имено наследениот долг на училиштата од општина Охрид заклучно април 2013 година, по основ нафта, струја, превоз, вода, канцелариски материјали, дрва и друго, само во основните училишта изнесува 44.186.913,00 денари, а во средните училишта 33.183.886 денари т.е. вкупно 77.370.799 денари. Или по училишта: вкупен долг на ОУ Братство Единство 12.426,508 ден, ОУ Христо Узунов 7.262.262 денари, ОУ Григор Прличев 8.467.157 ден, ОУ Св. Климент- Охридски 4.251.960 денари, ОУ Кочо Рацин 4.005.784 денари, ОУ Св. Наум Охридски 1.427.860 денари, ОУ Ванчо Николески 3.976.952 денари, ОУ Живко Чинго 1.488.590 денари, Основно музичко училиште 879.840 денари. Затекната катастрофална состојба и во средните училишта на име долг по истите основи и тоа: ОСУ Св. Климент Охридски 11.630.316 денари, ОУТУ Ванчо Питошески 8.013.542 денари, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски 13.540.028 денари, т.е вкупно 33.183.886 денари.

Како куриозитет за предметното училиште Григор Прличев врз основа на вашата негрижа трошејќи го најголемиот дел од работното време во кафани и ресторани и правејќи астрономски репрезентации придонесовте за блокирање на сметката на училиштето за долг од повеќе од дванаесет милиони денари.

На кој начин мислевте да правите “модерни училишта”, ако за осум години владеење неуспеавте да замените ниту еден прозор, ниту еден санитарен јазол, не реновиравте ниту една училница, не реконструиравте ниту еден кров, не постигнавте ниту еден значаен успех. Дали е ова вашиот начин на презентација на “модерни училишта”, се вели во реакцијата на Општина Охрид на соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда