А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на Општина Охрид на прес конференцијата од СДСМ Охрид

by А1он26/01/2017 - 14:2996
Share0

„Уште едно брутално потценување, омаловажување и навреда на свеста и достоинството на охриѓани од страна на СДСМ Охрид. Доколку нивното расипништво и дивеење со Охрид се случеше пред две-три децении или во минатиот век можеби меморијата на охриѓани ќе избледнеше а нивните спинови и антитези ќе поминеа. Доколку барем еднаш во овие години им се извинеа на граѓаните на Охрид за нивното осумгодишно криминално-коруптивно и општествено- деструктивно раководење со градот можеби охриѓани ќе им простеа. Вака само продолжува низата на недостоинствени и навредливи прес конференции во кои со потценување на народот нудат „ живот„ . Недај боже тие да го вратат„ животот„ во Охрид.

Добивај вести на вибер

Единствено добро во нивната прес конференција е тоа што ги потсетуваат граѓаните на проектите кои ние во континуитет ги реализираме, враќајки го нормалниот живот во градот а тие ги сметаат за „ништо„. За тоа јавно им благодариме.

Охриѓани како и сите останати вообичаено не играат тенис, фудбал или кошарка на 5, 10 или 15 степени под нулата. Можеби тоа го можат асовите од СДСМ Охрид на игралиштата кои тие „ги изградија и приспособија„ за ниски температури. Но ние не сме ги виделе.

Жалиме што нивните паушални анализи се разликуваат од етаблираните компаративни статистички операции, достапни за сите, невидливи и неважни за нив. Жалиме што нивниот концепт за развој на туризам базиран на станбени згради е заменет со тренд на градење на хотели. Жалиме што нивните репрезентации и прошетки се заменети со секојдневна силна промоција и маркетинг на Охрид во светските гласила“, реагираат од Општина Охрид.

ohridsdsm

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Горан Наумовски20/02/2026 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен