А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на Општина Охрид на прес-конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

by А1он14/11/2018 - 15:08196
Share0

„Ја разбираме Вашата желба (или наредба) да го одвлекувате вниманието на јавноста од разурнувачките процеси кои се во тек во Вашата партија, процеси кои се директна поселдица на крадењето, на неодговорното однесување и недомаќинското работење на Вашите првенци, челниците кои сега „храбро“ Ве оставија да ги браните нивните криминалии.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ви ветуваме дека тоа нема да Ви помине. Ова е само детски обид за неодговорен обид за маскирање на она што веќе не може да се крие. Премал е тепихот, почитувани од ВМРО-ДПМНЕ, под кој се обидувате како и секогаш до сега, кукавички да ги криете криминалите, непотизмот и одмаздите од најдолен вид.

Ние се фативме храбро во решавање на проблемите. Да, ги има проблемите. Да, направено е многу, но треба уште повеќе. Но, дали воопшто може да се спореди со времето кога Вие раководевте со градот, дали може да го спомнете спортот, а во исто време да знаете дека Вие имавте „ омилен спорт“, кој го одбравте, а другите нели не Ве интересираа.

Ние ќе ги направиме игралиштата, но многу повеќе ќе направиме за да има кој да игра на тие игралишта. Да ги вратиме младите кои заминаа и да ги задржиме оние кои не заминаа. Тоа се истите оние кои заминаа, затоа што 12 години не гледаа овде надеж, не гледаа иднина.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зарем заборавивте дека почнувајќи од 2006 година, пред секои избори, со лопатите в раце фрлавте камен-темелници на фискултурните сали во ОУ „ Ванчо Николески“, ОУ „ Кочо Рацин“ и во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. На учениците на кои им ги ветувавте овие фискултурни сали, сега поголемиот дел од нив се родители. Исто така, немојте да заборавате дека ветивте изградба на пет фудбалски игралишта. Не направивте ниту едно. Само за Ваша информација, деновиве конечно со макотрпна работа, завршени се сите технички процедури и е добиено решение за градба на фискултурната сала во ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Исто така, за Ваша информација, како никогаш досега, во буџетот за 2019 година Општина Охрид за оваа намена се планирани рекордни 22 милиони денари.

Повторно, за Ваша информација, само во оваа година се изградени детско игралиште во Горно Лакочереј и фудбалски терен и соблекувална во Долно Лакочереј. Реактивиран е ГФК „Охрид Лихнидос“ кој е на прво место во третата лига југозапад, а се постигнуваат високи резултати во ракометот и кошарката. Се организираат маратони, трчањето е во подем како никогаш до сега, се организираат ревијални кошаркарски натпревари во спортската сала која е со реновиран паркет и се организираат бројни други спортски настани“, се вели во реакцијата на Општина Охрид на прес-конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

ohrid

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 13:52

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

Горан Наумовски02/05/2026 - 12:50

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски27/04/2026 - 06:4327/04/2026 - 06:52

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он28/03/2026 - 11:3928/03/2026 - 16:36

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто