Реакција на ОО Гази Баба ЛДП: Повикуваме на одговорност, недозволиво е приватизирање на општинта

Од:

„Изминатиот период, сведоци сме на низа скандали кои веќе станаа олицетворение на локалната власт во Општина Гази Баба.

Еден од нив е елементарното непознавање на законот и непочитување на институциите во разрешувањето на директорката на Јавната установа детска градинка “Детска Радост“ во Гази Баба“, велат од ОО Гази Баба ЛДП.

„Имено, постапката за разрешување не може и не смее да се спроведува врз наоди на ревизор вработен во општината, ниту на ревизор со платена порачка, за установа за која е надлежно Министерството за труд и социјална политика, а кое впрочем изврши ревизија и увид на работата на градинката „Детска радост“, при што утврди дека не станува збор за никакво незаконско работење.

Повикуваме на одговорност, за сите оние кои го прекршиле законот, но, да ги оставиме надлежните институции да си ја завршат својата работа.

Неприфатливо е секое самовластие, недозволиво е приватизирање на општина Гази Баба, партизирање на институциите, како и секаков политички реваншизам.

Апелираме градоначалникот и Советот на Општина Гази Баба конечно после две години да се посветат на решавање на децениските проблеми на граѓаните, кои, за жал, за ВМРО-ДПМНЕ сеуште претставуваат нерешлива енигма.

Во интерес на јавноста и граѓаните, Либерално Демократската Партија застанува на страната на правичноста и порачува дека одговорноста мора да има име и презиме.

Времето на насилство, режим и репресии сметаме дека ги оставивме во минатото, а со ваква реторика митот за Гази Баба како бастион на ДПМНЕ, ќе биде повторно срушен на следните локални избори“, се додава во реакцијата на ОО Гази Баба ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски