А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на МЗШВ по обвинувањата на Николовски

by А1он05/10/2016 - 17:16179
Share0

Наместо да даде издржани предлози за надминување на проблемите, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски намерно, по којзнае кој пат, изнесува клевети и манипулации за да ја дезинформира јавноста.
Ова е реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешните обвинувања на Николовски за министерот Михаил Цветков, МЗШВ и состојбите во земјоделството.
– Николовски, кому очигледно му недостасува медиумско внимание и е опседнат со тоа дали ќе испие кафе во министерскиот кабинет, денеска повторно во јавност искажа извртени и неосновани видувања. Сето ова говори за неговата неспособност и незнаење кога е во прашање решавањето на проблемите на македонските земјоделци. Но, тоа и не е изненадување бидејќи станува збор за човек кој не може да ги види ниту прозорците во неговата канцеларија, а не па реалната слика во македонското земјоделство, посочува МЗШВ.
Министерството нагласува дека министерот Цветков не избегнува дебата во јавноста, туку очекува компетентен соговорник кој има познавање од секторот земјоделство.
– Потврда за тоа е фактот што министерот Цветков веќе имаше медиумско „соочување“ со Николовски, но на таа „дебата“ најмалку се говореше за состојбите во земјоделството, а гледачите можеа да видат и чујат политиканство од страна на дополнителниот заменик министер, кој, очигледно има ниско ниво за демократска расправа, наведува МЗШВ.
Во однос на лозарството, МЗШВ потсетува дека пред изменувањето на Законот за лозарство и винарство беа направени неколку јавни трибини за консултации со винарии и лозари. Тие ги прифатија предлозите и решенијата, за да не се појави опасност грозјето да не биде откупено. Заеднички беше констатирано дека исплатата треба да се изврши во рок од шест месеци, но во три рати. Првата рата од 20 отсто да бидат исплатени до 15 декември во годината кога е извршен откупот, следната исплата во висина од 40 проценти најдоцна до 15 февруари, додека преостанатите 40 отсто да се исплатат до крајот на април наредната година од годината во која бил откупот.
– Дополнително, со заемна согласност беше договорено да останат ланските цени: 11 денари за килограм смедеревка со 17 шеќерни единици и 19 денари за килограм кратошија со 19 шеќерни единици, нагласува Министерството.
Во врска со откупот на винското грозје, министерот Цветков во синоќешната ТВ емисија рекол, додава Министерството, дека се следи состојбата и ќе се изнајдат решенија. – Владата и денеска расправа по предлог решение на МЗШВ и по донесувањето конкретно решение, јавноста навреме ќе биде информирана, предочува МЗШВ и ги квалификува како измислици наводите на Николовски дека „инспекторите вршеле некаков притисок на откупните пунктови“.
– Ако Николовски ги сретнал и ги слушнал лозарите, тие ќе му кажеле дека инспекторите професионално си ги извршуваат своите законски обврски, подвлекува Министерството за земјоделство.

Добивај вести на вибер
mzsv

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:11

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Горан Наумовски08/03/2024 - 13:21

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска31/08/2022 - 14:1931/08/2022 - 14:27

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска03/10/2021 - 12:47

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска01/07/2021 - 10:43

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска03/03/2021 - 12:3403/03/2021 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен