Реакција на Министерството за финансии на изјавата на Марјанчо Николов

Од:

Ребаланс на буџетот се прави во текот на годината за да се усогласат приходната и расходната страна со проекциите за раст на економијата. Буџетскиот дефицит, пак, е разлика меѓу приходите и расходите. Политичката криза која продолжи годинава, влијаеше на намалување на приватната потрошувачка, а фирмите и банките станаа попрудентни во однос на финансирање на нови инвестиции. Тоа се одрази на приходната страна.

Ова го наведува Министерството за финансии како реакција на денешната прес-конференција на пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.

Според Министерството, политичката криза имаше влијание и на расходната страна на Буџетот.

– Поради двата предизборни периода реализацијата на капиталните расходи е успорена, затоа што во време на избори не може да се распишуваат јавни набавки. Доколку некои средства реално не можат да се искористат до крајот на годината зошто тогаш би се оставиле во буџетот и покрај ребалансот?, стои во реакцијата.

Во однос на ИПА средствата, Министерството истакнува дека сите проекти кои се реализираат со ИПА и кои се во тек, како Демир Капија Смоквица, Пречистителна Прилеп или Битола-Кременица, продолжуваат со истата динамика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација