Реакција на Изборниот штаб на Пендаровски на изјавата на Дафина Стојановска

Од:

ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија. И тоа е добро бидејќи докажуваат дека многу бргу забораваат и што им ветуваат на граѓаните, се вели во реакцијата од Изборниот штаб на Стево Пендаровски.

„Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, во својство на актуелен претседател на државата појде во Тетово уште следниот ден по трагичниот настан на 8 септември 2021 година. Од таму, тој на 9 септември изрази солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повика на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани. Изјавата на Пендаровски дадена во Тетово, до ден денеска може да се најде на јутјуб каналот https://www.youtube.com/watch?v=mvZcJ4IWDyk.

Малиот генијалец Македон Димитровски од Стево Пендаровски, како актуелен претседател, доби признание „Млад Талент“ и парична награда. Иако во категоријата „Млад талент“, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија. Оттука, ги советуваме Дафина Стојаноска и Христијан Мицкоски, следниот пат кога без аргументи ќе се обидат да ја лажат јавноста, да потрошат барем пет минути и на интернет да пребараат за што се заложил и кому помогнал Стево Пендаровски како актуелен претседател“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов