Реакција на Град Скопје: СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години

Од:

„СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години. СДСМ во изминатите години без план, без проекти, брз реализација го презадолжија градот и јавните претпријатија ги оставија како загубари“, реагира Град Скопје на денешната прес-конференција на советничката од редовите на СДСМ.

„СДСМ не можат да се помират со фактот дека граѓаните го казнија нивното недомаќинско, расипничко владеење и повеќе нема да можат да трошат народни пари за луксузирање по кафани.

За нешто повеќе од два месеца градоначалничката Арсовска и Град Скопје исчистија над 120 депонии во Скопје, градот воспостави интензивна комуникација со граѓаните, се отпочнува со реконструкција на 10 булевари во Скопје, се стави во функција жичницата до врв на Водно, секој денар домаќински се наменува за ефикасни услуги за граѓаните.

32 илјади евра наменети од Шилегов и СДСМ за јадење и пиење по кафани, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги пренамени за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории.

Во изминатите месеци се документираат корупциски скандали и злоупотреби на претходното раководство на Град Скопје предводено од Шилегов и директорите кои тој ги поставил, за кои СДСМ се обидува да им го покрие срамот со напади, навреди и манипулации“, се вели во реакцијата на Град Скопје на денешната прес-конференција на советничката од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања