Реакција на ДУИ за оштетувањето на објект наменет за верски обреди во Крива Паланка

Од:

Демократската унија за интеграција преку соопштение реагираше по повод случувањето во Крива Паланка каде вчера било извршено оштетување на објект наменет за верски обреди.

– Демократска унија за интеграција (ДУИ) смета дека тензиите во Крива Паланка се непотребни особено затоа што тие се мотивирани за да предизвикуваат верска нетрпеливост во оваа средина. Спротивставувањето на изградбата на еден верски објект на муслиманската заедница се случува во една средина каде што верската разноликост треба да се смета за богатство, а не за хендикеп во односите меѓу луѓето со различни идентитети, се вели во соопштението.

ДУи апелира сите недоразбирања од верски и етнички карактер да се решаваат преку институциите на системот и преку дијалог меѓу граѓаните.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата