Реакција на ДУИ на Одлуката за доделување на наградата „Војвода Вук“ на Иван Стоиљковиќ

Од:

Одлуката на Здружението на српските доброволци од војните 1912-1918 година да му ја додели наградата „Војвода Вук“ на заменик-претседателот на Владата, Иван Стоиљковиќ, претставува длабоко навредлив и провокативен чин, особено имајќи ја предвид мрачната историја на злосторствата извршени од српските доброволни сили врз Албанците во Северна Македонија во периодот 1912-1918 година, познат како геноциден период, велат од ДУИ.

– Во тој период, особено за време на Балканските војни и Првата светска војна, цивилното население на територијата на денешна Северна Македонија, особено Албанците, се соочија со етничко чистење, масакри и масовни протерувања.

Историските извори сведочат за палење на цели албански села, силувања, тортура и масовни егзекуции.

Во Тетово, Гостивар, Скопје, Кичево и многу други региони, Албанците беа цел на српските сили, кои ги третираа како пречка за проектот на асимилација и територијална експанзија.

Според историските сведоштва, десетици илјади Албанци беа убиени, а илјадници други беа насилно протерани од своите домови.

Во некои случаи, варварствата вклучуваа силувања и живо палење на албански цивили.

Овие злосторства не само што оставија длабоки рани кај албанскиот народ, туку и ги зајакнаа поделбите и етничките тензии кои сè уште се чувствуваат денес.

Трагична иронија е што државен функционер, кој раководи со министерството одговорно за Охридскиот договор и претставува држава која треба да промовира помирување и соживот, прифаќа одликување од здружение кое е директно поврзано со толку болен период за Албанците во Северна Македонија и го објавува тоа како признание.

Овој чин не е ништо помалку од обид за легитимирање на минатите злосторства и навреда на споменот на илјадниците албански жртви.

Почитувањето на споменот на жртвите и прифаќањето на историските вистини се единствениот темел за помирување и заедничка иднина.

Албанците во Северна Македонија нема да молчат пред обидите за легитимирање на неправдите од историјата, се вели во реакцијата од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Касами незаконски дели книги од големиот автор Исмаил Кадаре

ДУИ: Во последните две години во Чаир се изградени над 150 бесправни објекти

ДУИ: Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата

А1он

ДУИ со забелешка на унапредувањата во Министерството за култура

ДУИ: Се формира достоинствен, национален и граѓански фронт кој бара еднаквост, стабилност и иднина за сите

ВИДЕО: Таравари ќе ги напушти и ДУИ за подобра понуда или кога ќе биде уценет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски