Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Од:

Мицкоски и ВМРО почнаа со лажни вести да измислуваат, дезинформираат и оцрнуваат се што е албанско. Ни помалку ни повеќе, денес, Мицкоски во стилот на лажни вести и заслепен од желбата за власт ја обвинува ДУИ и Али Ахмети дека организирале вооружена група некаде во Чаир и Бутел. ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за подбуцнувачкиот вокабулар на меѓуетничка омраза на Мицкоски една недела пред 8 мај, денот кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата длабока победа, велат од ДУИ:

„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија. Во оваа прилика, ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, без разлика на етничката припадност, да не станат плен на измислици и поттикнување меѓуетничка омраза, бидејќи вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин, кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија посебно, а и регионот во целина. Потсетуваме на мислењето дека кога ДУИ организираше избори во последните години, тие секогаш беа слободни, демократски и меѓународно прифатени“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански