Реакција на Царинa за бугарските книги: Беше приложен неважечки договор за подарок

Од:

Во врска со пратката од над 1000 книги (920 нови и 250 стари) задржани на границата, каде како примач на донацијата се јавува Културно информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Царинската управа на својот профил на Фејсбук објави дека и покрај тоа што преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, била побарана изјава дека пратката е наменета за Културно информативен центар, потребната изјава не била доставена ниту од Центарот, ниту од Бугарската амбасада во Скопје.

– Согласно Царинскиот закон предметите што се увезуваат, а имаат образовен, научен и културен карактер кои се увезуваат во некомерцијални цели и кои не се произведуваат во Република Северна Македонија се ослободени од плаќање на увозни давачки, наведува Царинската управа.

Управата посочува дека за да може да се оствари ова право, пропишани услови кои треба да бидат испoленти, а меѓу другото како што и самиот закон наведува да се од некомерцијална природа односно стоката да е наменета за подарок.

– Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т.е. од испраќачот на книгите, а не и од примачот што го прави договорот правно неважечки, посочува Царинската управа во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ