Реакција на Анима Мунди: Градоначалникот да даде имиња на сите за кои инсинуира дека оствариле профит

Од:

Анима Мунди реагираат дека на вчерашната дебата на А1он, страна на актуелниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов имало две сериозно обвинуувања.

1. Градоначалникот во недостиг на аргументи за отежнатата соработка помеѓу ЈП Лајка и активистите инсинуира дека активистите за животни остваруваат некаков личен профит со вдомување на животните надвор од границите на државата преку комерцијален транспорт.

Бидејќи ваквите нафрлени обвинувања ги сметаме за сериозен напад врз честа, интегритетот и посветеноста на активистите во целата држава кои волонтерски го даваат својот максимум да спасат и вдомат илјадници животни од улиците, БАРАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДА НИ ДАДЕ ИМИЊА НА СИТЕ ОНИЕ ЗА КОИ ИНСИНУИРА ДЕКА ОСТВАРИЛЕ ЛИЧЕН ПРОФИТ СО ВДОМУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ.

Анима Мунди е секогаш отворена за соработка за сè што е поврзано за благосостојба на животните. Нашето здружение во склоп на работна група при Град Скопје заедно со уште две здруженија КОМПЛЕТНО ја напиша програмата за работа на стационарот и истата ја презентираше пред советот.

По повеќе од две години градоначалникот не нè удостои со ниеден одговор на нашите барања, електронски пошти и слично, наместо тоа активисти беа гонети, прогонувани за вршење на нивната хумана мисија – спасување животни од улиците на Скопје.

2. Во однос на соработката со Влада и имплементирање на проект за стерилизации за кој Петре Шилегов кажува дека организациите не покажале интерес, ја користиме оваа прилика повторно да побараме градоначалникот да се изјасни ЈАВНО дали истиот проект беше спроведен?

Дали средствата беа искористени и на кој начин?

Небулоза и крајно некоректно е актуелниот градоначалник да тврди дека организациите одбиле соработка од било каков тип.

Ние се чувствуваме повикани да одговориме на ова тврдење од негова страна бидејќи Анима Мунди присуствуваше на гореспоменатата средба и достави до нив нацрт проект за спроведување на Национална акција за стерилизација и кастрација на бездомни и вдомени животни.

Анима Мунди е отворена да соработува со секој кој има добра намера но сè додека соработката е ТРАНСПАРЕНТНА И ОТВОРЕНА ПРЕД ЈАВНОСТА , за што сметаме дека не беше така во конкретниот случај – причина поради која ние како здружение се оградивме од истата.

Ваквите неосновани напади врз активистичкиот свет ги земаме за крајно сериозни и ДОЛЖЕН Е СЕРИОЗНИТЕ ОБВИНУВАЊА ДА ГИ ПОТКРЕПИ СО ИМИЊА.
Во спротивно ова е само обид во недостаток на аргументи да се изманипулира јавноста и оцрнат оние кои знаат, умеат да помогнат и се ставаат на располагање но веќе четири години држат на страна од проблематиката, реагираат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов