А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шкријељ: Бараме од техничката министерка Мизрахи да работи согласно законот

by А1он30/01/2020 - 15:3131/01/2020 - 08:38303
Share0

„Министерството за труд и социјална политика е институција којашто овозможува функционирање на серизни ресори. Во досегашниот две и пол годишен период, никогаш не било доведено во прашање неговото функционирање.

Добивај вести на вибер

Уште еднаш сакаме да ја потсетиме техничката министерка Рашела Мизрахи дека целта на изборот на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието а не доведување на јавноста во заблуда, ширење клима на страв и исчекување и оневозможување на редовно функционирање на администрацијата“, се вели во реакцијата од кабинетот на дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ на изјавата на техничката министерка Рашела Мизрахи.

„Законот за Влада е јасен – дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите на министерството, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменикот на министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

Ние бараме од техничката министерка да работи согласно законот и да го почитува она што самата го потпишала.

Наша обврска е да овозможиме непречено и законитo функционирање на МТСП, со цел граѓаните навремено да ги остварат своите права и навремено да добијат квалитетни социјални услуги“, се вели во реакција на прес-конференцијата на техничката министерка за труд и социјална политика од дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика“, се вели во реакцијата на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

mtsprashela mizrahi

Би можело да ве интересира

Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени

Катерина Ѓуровски03/07/2024 - 11:41

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

Катерина Ѓуровски22/12/2023 - 10:29

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски03/11/2023 - 16:2803/11/2023 - 16:47

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Катерина Ѓуровски04/10/2023 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен